Времето денеска облачно со повремен дожд и ветер

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и тоа во јужните и западните делови, каде се предвидува локално да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Врнежи од снег ќе има само на повисоките планини во северозападните делови. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од пет до 13.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Како што информира УХМР, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, со променлив интензитет. В недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. В недела ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.

Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.

Извор: МИА

Loading...