Времето денеска облачно и врнежливо

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на денешниот ден ќе биде облачно со врнежи од дожд низ целата земја и благ пат на температурите, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната дневна температура ќе температура се движи во интервал од 14 до 18 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околината ќе имаме слаб и повремен дожд, како и слаб ветер од источен правец. Минималната температура ќе изнесува 6, а максималната 16 степени целзиусови.

Од таму додаваат дека температурата ќе опадне за околу шест степени, додека веќе утре би имале преодно стабилизирање, па повторно во сабота врнежи од дожд, по што би следувал стабилен период со натпросечни температури.