Времето денес сончево со температури до 25 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури утринава се движеа во интервал од 1 до 6 сепени, додека максималните дневни ќе бидат од 19 до 25 степени целзиусови.

Сончево и тивко време ќе имаат можност да почувствуваат и граѓаните на Куманово и околината каде максималната дневна температура денес ќе го достигне 21-от степен. Минималната температурна вредност во околината на Куманово во текот на ноќта ќе изнесува 5 степени целзиусови.

Во наредните денови, како што велат од УХМР, ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Најтопло ќе биде во петок и сабота, кога дневните температури во поголем дел од земјата ќе надминат 20 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд, а температурата благо ќе опадне.