Времето денес сончево и потопло, дестабилизација во среда

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево и потопло, со умерена облачност и слаб југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, деодека максималните дневни ќе бидат во интервал од 18 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме умерено болачно време со сончеви периоди. Ќе дува сосема слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 20 степени.

Во среда ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Позначителна промена на времето се очекува од четврток кога ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне, кога на планините ќе поминат во снег. Ќе дува и умерен наместа засилен северен ветер кој ќе услови значително опаѓање на температурите.