Временските промени влијаат на здравјето: Од главоболка до срцев удар…

Сподели со своите пријатели

Во последниве години, времето драстично се промени. Сè повеќе има нагли промени на времето кога за само еден ден температурите паѓаат или покачуваат за 20 степени, а тогаш најчесто ја чувствуваме таа позната тежина.

Loading...

Симптомите и тешкотиите кои ги чувствуваме при временските промени се нарекуваат метеоропатија, а луѓето кои страдаат од нив се – метеоропати.

Уште во 400 година п.н.е., Хипократ тврдел дека секој што сака да студира медицина мора да ги земе предвид годишните времиња, температурите, како и квалитетот на водата за пиење – околностите во кои живее пациентот. Тоа значи и дека тој верувал дека има одредено влијание на времето врз здравјето.

 

 

Постојат неколку групи на пациенти кои се доста чувствителни на промените на времето.

Страдаат од ревматизам, астма, срцеви пореметувања, пред се ангина пекторис и висок крвен притисок, дуоденален и стомачен улкус, психоза и други психички проблеми.

Loading...

Лекарите посочуваат дека астматичарите чувствуваат и реагираат во периодот од три до 48 часа пред да следи нагла промена на температурата и затоа е добро да се знае биопрогнозата врз основа на која лекарот дава совети како да загрозеното лице да помине низ промените што е можно побезболно.

Што, меѓу другото, се случува со нашето тело кога се менува времето?

 

 

Промени во крвниот притисок

Вашиот крвен притисок може да варира од повеќе причини, вклучително и временските услови.

Имено, кога има нагли промени на времето, доаѓа до промени во притисокот, а тоа директно влијае на нашето тело.

Loading...

Под влијание на високите температури, крвните садови се шират, што може да доведе до пад на крвниот притисок.

При ниски температури доаѓа до стеснување на крвните садови, што може да влијае на зголемување на крвниот притисок.

 

 

Главоболка

На луѓето кои инаку се склони кон главоболки им е тешко да толерираат нагли и екстремни временски промени. Нападите на мигрена се исто така чести.

Проблеми со спиењето

Loading...

Времето влијае и на нашиот сон. Во лето поради високите температури се случува да не можеме да заспиеме, додека кога влегуваме во есен почнуваме да спиеме подолго.

Студијата објавена во Журналот за психосоматски истражувања покажа дека испитаниците спиеле три часа подолго во текот на октомври или есента отколку во кое било друго време од годината.

За жал, тоа не значи дека сме поодморени. Испитаниците не се чувствувале подобро и поенергични, напротив, биле поуморни отколку кога спиеле помалку.

 

 

Loading...

Зголемен број на срцеви удари

Кога температурите се пониски, крвта тече побавно низ нашите вени, што влијае на срцето. За жал, за време на постудените денови, ризикот од срцев удар се зголемува.

Проблеми со дишењето

Екстремно високите или ниските температури негативно влијаат на нашиот респираторен систем, па немојте да се изненадите ако имате проблеми со дишењето.

Ослабен имунитет

Loading...

Ненадејните и екстремни временски промени се директен удар за имунолошкиот систем, па немојте да се чудите ако настинете бидејќи температурата ќе ви опадне.