„Време е да се заврши!“ Трамп сака што поскоро да се сретне со Путин

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Време е едноставно да се стави крај на ова. Ќе го завршиме ова“, рече Трамп.

Тој додаде дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом средбата биде успешно договорена.

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Да потсетиме дека претседателот на САД е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го спречил Израел да го убие иранскиот верски водач

„Путин не сакаше да дојде затоа што јас не бев таму“

Трамп денес повтори дека не е изненаден што рускиот претседател Владимир Путин не дошол на состанокот што Соединетите Американски Држави се обидоа да го организираат во Турција меѓу украинската и руската делегација.

„Путин не сакаше да дојде затоа што јас не сум таму“, рече Трамп, кој вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Да потсетиме дека претседателот на САД е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп за Иран и Израел: Постои голема веројатност дека ќе има договор