Вработени во „Зафир Сајто“ и „Македонски пошти“ со лажни налози подигнале илјада евра

Сподели со своите пријатели

Благајникот во Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ В.Г. (52) од Скопје и М.Ј. (41) службено лице во АД „Македонски пошти“ заработиле кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Благајничката В.Г. неовластено пополнила и заверила со службен печат налози за исплата со генералии на три лица сместени во домот и од нивните трансакциони сметки од „Еуростандард Банка“ Куманово подигнала парични средства во вкупен износ од 59.600 денари, а додека М.Ј. како шалтерски работник неовластено на 21.12.2015 година, извршила исплата на наведените парични средства.

Кривично и двете лица ги гони Секторот за внатрешни работи Куманово.