Вознемирувачко видео: Животот на мигрантите всушност не вреди ништо (видео)

Сподели со своите пријатели

Неколку стотици мигранти од Мјанмар и Бангладеш пристигнаа во северозападната провинција Ацех во Индонезија минатата среда, откако локалните рибари ги пронајдоа во бродови кои илегално пловеле по морето Андаман.

Loading...

Повеќе од 3000 мигранти кои пристигнаа во Индонезија и Малезија овој месец велат дека пловеле по морето со месеци, со минална количина храна и вода за пиење.

Мигрантите од групата народи Рохингја, во плач говорат дека се на работ да умрат на бродовите, откако капетанот на бродот ги напуштил и ги оставил да умрат без храна и вода.

Во 2015 година, за да избегнат систематско насилство и прогон од бурманската влада, илјадници луѓе од групата Рохингја, мигрираа од Мјанмар и Бангладеш, групно полнејќи цели бродови со луѓе, во потрага по азил во Малезија, Индонезија и Тајланд, талкајќи по Андаманското море.

Според статистиките на ООН, близу 25 000 луѓе заминале од јануари до март. Неколку стотици се мртви, потврдуваат од ООН, од кои 100 луѓе умреле во Индонезија, 200 во Малезија и 10 мигранти во Тајланд.

 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *