Вознемирувачко видео: Автобус буквално собра три спортистки (видео)

Сподели со своите пријатели

Млади спортистки кои требале да се натпреваруваат во синхронизирано пливање, шетајќи се во четврток наутро во спортско село во Баку, беа буквално згазени кога на нив налета автобус.

Loading...

Австрискиот олимписки одбор објави дека најтешко повредена е 15 – годишната Ванеса Шахиновиќ, која се здобила со фрактури по целото тело, додека нејзината колешка Луна Пајер се здобила со скршеница на раката и денес се очекува, двете спортистки да бидат вратени во Австрија на лекување.

Третата пливачка Верена Брејт се здобила со полесни повреди, гребнатини и модринки и таа засега останува во Баку, Азербејџан.

На Јутјуб се најде вознемирувачко видео од несреќата.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.