27.07.2015 13:36

Вознемирувачка содржина: Ескалатор во Кина проголта жена (видео)


Зафатена од механизам во ескалатор, во Кина во трговски центар во градот Чинжу, загина жена, а снимката од обидот да се спаси се најде на социјалната мрежа Јутјуб.

Стравичниот призор во недела го снимиле надзорните камери во трговскиот центар каде се гледа жена којашто се качува по подвижните скалила.

loading...

Кога стигнува на врвот, таа го зема малото детето во раце додека се подготвува да истапи од елеваторот, кога ненадејно под нејзините нозе се отвора дупка, најверојатно поради слабо прицврстен капак на отворот за одржување на системот.

Две жени вработени во центарот притрчуваат на помош на жената од којашто се гледа само горниот дел од телото над појасот, но не можат да го спречат механизмот да ја зграби несреќната мајка.

Мајката успева да го спаси своето дете, но не и себе. Таа според пишувањата во медиумите, починала неколку часа подоцна од последици од здробено тело и прекумерно крварење.

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments