Возило со бункер откриено на Табановце, спречен и шверц на облека (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Царинските службеници во текот на изминатата недела спречиле шверц на женска облека на Граничниот премин Табановце и откриле бункер во возило.

Loading...

Во првиот случај вкупно 292 парчиња женска облека – фустани, тренерки, комбинезони, елеци, хеланки, здолништа, маици, шопцеви, блузи и друго, биле откриени од страна на службата за мобилни скенери.

– На граничниот премин Табановце автопат, за влез во државата бил пријавен автобус со српски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Белград Скопје, управуван од српски државјанин. При контрола на автобусот во три патни куфери сопственост на возачот, биле пронајдени непријавените производи, информираат од Царинската управа.

Предметите, како што додаваат од ЦУ, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Во втор случај било откриено возило со бункер од страна на мобилен царински тим со скенер.

 

 

Loading...

Возилото, како што потенцираат од Царинската управа, било откриено на граничниот премин Табановце автопат, кај македонски државјанин пријавен за излез од државата.

– Возилото било сопрено од страна на полициските службеници од граничниот премин и било однесено на царинскиот терминал за преглед со мобилен скенер. Притоа, зад брзиномерот, бил откриен специјално изработен бункер кој може да се користи за криумчарење стока, стои во соопштението.

Возилото било привремено задржано, а против возачот, велат од ЦУ, ќе биде поведена прекршочна постапка.

Никола Ивановски