ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Влажни коловози со наместа кашест снег

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег по коловозите. Снег провејува на патните правци Берово – Смојмирово, Тетово – г. п. Јажинце, Попова Шапка и на Буково, но не се задржува на коловозот, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.