ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост кај Страцин

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50м. има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и од 100 – 150м. на Страцин.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.