Возач тешко повреден, откако со возилото излетал од патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен кратовец бил тешко повреден, откако со своето возило излетал од регионалниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 30.07.2021 околу 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, М.М.(52) од Кратово, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply