Во сообраќајна несреќа повреден е пешак во с. Добрашане во близина на Искрин мост, информираат од Станицата за итна медицинска помош.
Тие околу 18 часот бележат интервенција при повреда нанесена кога моторно возило удрило пешак и притоа го напуштило местото на настанот без да запре.
Поради сериозноста на повредите пешакот бил префрлен до Хирушкото одделение во Општа болница – Куманово, стои во извештајот на РЦУК