Возач на камион од Куманово прегазил жена и побегнал

Сподели со своите пријатели

Камион со кумановски регистарски таблички прегазил жена во српскиот град Краљево, која починала на местото на несреќата.

Loading...

Според српските медиуми, несреќата се случила на пешачки премин во центарот на градот. Во сообраќајката загинала Љиљана Павковиќ (62) од Краљево.

Полицијата го идентификувала возачот на камионот како Ќазим Е. (49), македонски државјанин. Тој по несреќата излегол од возилото и пеш се одалечил од местото на незгодата. Полицијата се` уште трага по него.

– Се слушна силен удар, а потоа цвичење на кочници. Видов како жената лежеше под тркалата. Не сум сигурен, но мислам дека возачот истрча од кабина и побегна додека моторот се` уште работеше, рекол еден очевидец.