ВОЗАЧ ГО ТУЖИ ТРАМП: Му должел за 3.300 часови прекувремена работа

Сподели со своите пријатели

Возач од Њујорк кој повеќе од две децении работи како личен возач на Доналд Трамп, тврди дека актуелниот американски претседател, односно една од неговите компании, му должи големи пари за илјадници часови прекувремена работа.

Во тужбата кој ја поднел пред Вишиот суд на државата Њујорк, Ноел Синтрон тврди дека „Организацијата Трамп“ (Trump Organisation – збирно име за над 500 компании и бизнис организации во сопственост на Трамп) не му исплатиле за 3.300 часови прекувремена работа во изминатите шест години.

Што мислат децата за Доналд Трамп? (видео)

Loading...

Тоа инаку е максимален период на кој поради правилата на компанијата може да се тужи. СИнтрон во тужбата наведува и дека дури не добил покачување цели 12 години.

Тој сега, освен неисплатените пари, од Трамп бара и придонеси кои му припаѓаат според сите сојузни и државни закони, како и износ за претрпена штета.

Синтрон тврди дека над 20 години работел за трамп и тоа од 50 до 55 часа неделно. Тој останал дел од најблискиот персонал на Трамп и кога безбедносните служби презеле грижа за него како шеф на Белата куќа.

Неговата плата во 2010. година била зголемена од 68.000 на 75.000 долари, но подоцна му биле укинати придонесите за здравствено осигурување. Синтрон вели дека врз основа на тоа Трамп годишно штедел 17.866 долари.

Како би изгледал Доналд Трамп со „нормална“ коса? (фото+видео)

Основната сума за неисплатените пари кои ги бара изнесува 178.000 долари со оглед дека Синтрон работи за 54 долари од час, пренесува „Њузхаб“.

„Организација Трамп“ не се огалсува за случајот. Инаку тужбата е само една во низа од оние кои од претходно веќе биле поднесени до Вишиот суд на државата Њујорк на Менхетен, а кои се насочени кон Трамп и неговите компании.

Leave a Reply