Воз излета од шините во Њујорк: Повредени 34 лица

Сподели со своите пријатели

Воз во њујоршкото метро излета од шините недалеку од станицата во Харлем, што ги исплаши патниците и предизвика прекин на електричната енергија кој довел до евакуација долж целата линија. Повредени се најамлку 34 лица.

Противпожарната служба на Љујорк соопштува дека се повредени 34 лица, но дека имало чад, но не и оган.

Од повредените никој не е во животна опасност. Патниците за локалните медиуми раскажуваат дека возот се тресел додека излетувал од шините.

Сообраќајната служба објавила и промена на редот за возење.

Од Метрополската сообраќајна управа соопштуваат дека три воза на подземната железница се евакуирани и дека патниците се на безбедно.

 

Loading...