Вотка, систем за навигација и селфи стикови паднаа во рацете на цариниците

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани крзнени и текстилни производи, обувки, технички производи, алкохолни пијалоци, средства за хигиена, автоделови, плинска печка, брави за автобуси, додатоци за мобилни телефони и фалсификати.

Loading...

Цариниците на ГП „Табановце“ откриле систем за навигација KENWOOD DDX7025, при контрола на македонски автобус управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Navigator, Tabanovce

Апаратот е пронајден во картонска кутија, сместена под третото и четвртото седиште на автобусот и истиот е привремено задржан. Против возачот е поведена соодветна постапка.

Во рацете на царинските службеници паднале и 27 литри вотка „SAVOY“ со бугарски акцизни маркички, откриени при контрола на полски камион управуван од полски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Вотка, Tabanovce

Вотката, пронајдена во кабината на возилото, е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Биле откриени и 40 држачи за мобилни телефони за „селфи“ слики, при контрола на пратка одКина наменета за увозник од Куманово, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење.

Loading...

Drzaci za mobilni,Aerodrom SK

Непријавената стока, која не била наведена во царинските документи е привремено задржана, а против увозникот и неговото одговорно лице ќе биде поведена прекршочна постапка.