Вооружени полицајци го разбудиле на полноќ, стоел пред нив во неверување, причината го запрепастила (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еди Кросдел (56) од САД го доживеал најнепријатното будење во животот кога на вратата од неговиот стан дошле неколку полицајци вооружени до заби.

Loading...

Еди сè уште спиел во 8.30 часот во неделата наутро кога слушнал тропање на вратата. Мислел дека нешто се случува во соседството, односно дека некој е во неволја, но не дека ќе го фатат специјалци како да е на листата на најбараните бегалци во светот.

Специјалците му впериле пушки во лицето и го извлекле само во маица и боксерки. Додека Еди продолжил да се буди прашувајќи се дали сето тоа е само сосед, полицајците сфатиле дека фатиле погрешен човек.

– Група специјалци стоеја пред мојата врата, како на филм. Бев преплашен. Викаа да ги ставам рацете зад мојата глава. Додека упорно се обидував да се сетам дали некому сум му направил нешто лошо во животот, тие се погледнаа и само ме пуштија да си одам. Мислеа дека сум некој убиец. „Се чувствував како да сум Осама бин Ладен“, им рекол Еди на новинарите.

Најмногу го погодило што мета на специјалци бил и неговиот 15-годишен син, односно морал и да крева раце.

Како што подоцна дознал, акцијата ја сочинувале девет специјалци и шест полицајци во цивилна облека. Еди Кросдел многу размислува за тужбата.

 

Loading...