Вооружен грабеж на бензинска во село Романовце

Сподели со своите пријатели

Рано утринава околу 03,35 часот било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, на бензинска пумпа во атар на село Романовце, три маскирани лица со закана со пиштол и употреба на физичка сила извршиле разбојништво над двајца вработени при што одзеле околу 15.000 денари и мобилен телефон, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply