Вонредни прекини на струја низ цела Украина

Сподели со своите пријатели

Дефицитот во енергетскиот систем на Украина утринава се зголеми на 27 отсто, а вонредните исклучувања се во сила низ целата земја, соопшти компанијата Укренерго.

Loading...

Зголемувањето на дефицитот се случи поради вонредното исклучување на блокови во неколку електрани, а во исто време потрошувачката на електрична енергија продолжува да се зголемува поради влошувањето на временските услови, пренесува Интерфакс Украина.

Украина се соочува со затемнување откако руските сили почнаа да ја напаѓаат инфраструктурата на земјата, главно енергетската, на 10 октомври.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.