Вонредна крводарителска акција утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вонредна крводарителска акција ќе се одржи утре во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ информираат денеска од Општинската организација на Црвен Крст Куманово.

Loading...

– Ве повикуваме заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд. Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на КОВИД-19 преку процесот на крводарување бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв, стои во повикот на Црвениот крст.

Акцијата ќе се одржо утре во период од 09:00 до 15:00 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply