Вонредна крводарителска акција утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вонредна крводарителска акција утре ќе се одржи во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во период од 09:00 до 14:00 часот.

Loading...

Како што информираат од Општинската организација на Црвен крст Куманово, постои опасност од појава на недостаток на одредени крвни групи.

– Соочени со мали резерви на крв и реална опасност за појава на недостатоци на одредени крвни групи, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово организира вонредна летна крводарителска акција, велат од организацијата.

Од Црвениот крст ги повикуваат граѓаните да ја покажат хуманоста на дело.

Leave a Reply