Волонтерите на Црвен Крст Куманово учесници на спортски игри во Струга

Сподели со своите пријатели

Волонтерите од Општинската Организација на Црвен Крст Куманово денеска заминуваат на спортски игри во Струга, организирани од Клуб на крводарители на град Скопје.

Loading...

Волонтерите на ОО на Црвен Крст Куманово ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини, како што се фрлање на ѓуле, пинг-понг, скокање во вреќи, влечење јаже и слично.

Ова е втора година како кумановските волонтери учествуваат на овој настан. Минатата година, волонтерите земаа 6 награди, а оваа година се надеваат дека ќе бидат поуспешни и ќе добијат повеќе награди.