Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“ ги повикува сите граѓани кои се заинтересирани да им помогнат на поплавените лица од скопските население места и санирање на последиците од водената стихија.
На работната група на Кумановски акцијаши можат да се приклучат сите заинтересирани кумановци. Тргнувањето е во недел (14.08.2016), односно утре во 8 часот пред Општинската организација на Црвен Крст во Куманово.
Превозот, како и опремата за расчистување се обезбедени од страна на Општина Куманово.
Loading...