Волонтери на ЦИД Куманово залутале на Попова Шапка, пронајдени премрзнати

Сподели со своите пријатели

Денеска околу 15 часот, во СВР Тетово пријавено е дека двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка и дека единствено знаеле дека се наоѓаат покрај некоја карпа.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба веднаш започнале со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силната снежна бура. Некаде околу 17 часот и 50 минути, тие се пронајдени здрави и живи, но забележително премрзнати и со ратракт се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.

Со тоа, со среќен епилог, заврши неколку часовната драматична потрага по двајцата залутани француски волонтери.

Пред неколку дена, полициски службеници од ПО Маврово, на регионалниот пат Маврово-Галичник извлекле двајца американски државјани, кои со возило заглавиле во снегот и кои, исто така, не знаеле каде точно се наоѓаат.

Leave a Reply