Волк задавил седум овци и две кози во селото Пчиња (видео)

Сподели со своите пријатели

Осум овци и две кози биле задавени, а уште седум други овци нападнати од волк кој утринава околу 5 часот се спуштила од шумата над кумановското село Пчиња. Како што вели 70-годишниот сопственик среќа е што не ги удавил сите 115 овци со кои тој се обидува да го прехрани семејството.

Loading...
  • Кога дојдов кај овците во 6 часот утринава видов катастрофа, удавени воци, сигурно се волци, повеќе ништо не знам. Седум овци се преживеани, тие се фатени за врат, ги вакциниравме со ветеринар, тој вели дека не се знае дали ќе преживеат. Добитокот не е осигурен – вели сточарот Никола Петровски за Канал 5.

Петровски знае дека штетата не може да му се надомести, а истата изнесува около илјада евра, но сепак се надева дека некој ќе му помогне. Задавениот добиток го фрлиле на депонијата Краста. Жителите на оваа село одвреме навреме ги гледаат волците, но за 30 години никогаш не се случило да нападнат.

Во селото Шчиња живеат околу 800 жители кои претежно се занимаваат со земјоделство и сточарство. Во селото кое е оддалечено од Куманово оесум километри се одгледуваат повеќе од 1000 овци.

Прилог на Снежа Петковска, дописник за Канал 5 телевизија