Војник на НАТО загина во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Еден американски припадник на мисијата на НАТО во Авганистан е убиен во акција, соопшти НАТО, без дополнителни детали.

Loading...

Како што пренесува АП, според податоци на Пентагон, бројот на американски војници убиени во борба во Авганистан се искачил на 17 од почетокот на годината, додека тројца ги загубиле своите животи во други околности.

Повеќе од 2.400 Американци ги загубија животите во Авганистан за време на 18-годишната војна на земјата, додава АП.

Според американската агенција, најмалку седуммина се убиени денес во милитантни напади и насилство низ Авганистан.

Leave a Reply