ВОЈНА НА КЛАНОВИ: Бомба разнесе маж во Подгорица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дражен Чаденовиќ (31) околу 19 часот страдал во експлозија на бомба во гаража на Римскиот плоштад во Подгорица.

Според нефоицијални сознанија на црногорските медиуми, тој се наоѓал во блиндираното возило БМВ со подгорички регистарски ознаки. Бомбата експлодирала само една минута откако го паркирал возилото.

При детонацијата со повреди се здобил и чувар на објектот кој во моментот на експлозијата се наоѓал на само неколку метри од автомобилот.

Од полицијата официјално соопштиле дека прелиминарните резултати укажуваат дека Чаденовиќ превезувал експлозив.

– Извршени се првите прелиминарни прегледи на блиндираното возило. Првите прелиминарни податоци укажуваат на тоа дека до експлозијата најверојатно дошло во внатрешноста на возилото, со оглед на оштетувањата кои доаѓаат од внатрешнсота на возилото. Точнат апричина ќе биде утврдена по вештачењето, соопштиле од полицијата.

Како што неофицијално дознава порталот „Вечерње новости“ во експлозијата страдало возило на припадник на барската криминална група и дека полицијата тој автомобил неодамна му го одзела поради проневера.

Војната на криминалните кланови е во тешка фаза и тоа државата ја става пред дополнителни искушенија, вели претседателскиот кандидат Мило Ѓукановиќ и лидер на ДПС.

Loading...

Leave a Reply