Воени вежби во Црното море: Руски воени бродови вежбаат пукање

Сподели со своите пријатели

Руски воени бродови вежбаат пукање во воздушни и поморски цели за време на воените вежби во Црното Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Loading...

Руските артилериски сили во јужниот дел на Ростовската област, која граничи со Украина, вежбаат и уништување на непријателските сили и оклопни возила со хаубици, соопшти Министерството за одбрана, пренесува Ројтерс.

Вежбите, во кои учествуваат 20 поморски бродови, започнаа во средата и се дел од серијата воени активности во регионот.

Во текот на денот се очекува да завршат вежбите во Црното Море, јавува Танјуг.

Во рамките на вежбите во Црното Море, кои се дел од сетот поморски вежби кои овој и следниот месец се одржуваат на бројни локации од Пацификот до Атлантикот, се практикува и чистење на мини, пишува nova.rs.