Водотеците во државата на некои места над просекот

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи известува дека моменталната состојба со водотеците во државата за овој дел од годината измерени на хидролошките станици кои се дел од хидролошката мрежа, покажуваат вредности околу и над просекот.

Loading...

Изминатите врнежи ги зголемија нивоата на подземните води, така да во коритата на реките постојано дотекуваат за малку поголеми количини од минатиот месец.

Очекуваните врнежи кои ги најавија синоптичарите ќе предизвикаат покачување на водостоите на сите водотеци и природни езера во државата во зависност од количината на вода што ќе падне на соодветната сливна површина.

Моменталната влага на почвите низ Македонија се со коефициенти кои се движат во граници од 0.3 до 0.9 (добиени од модели). Во зависност од можноста за апсорпција, почвите низ Македонија различно ќе реагираат на новите врнежи, но едно е сигурно дека после извесно време, во зависност од интензитетот на врнење, почвите ќе ги зголемат коефициентите на влага, и на тој начин ќе се овозможи брзо истекување во најблиските реципиенти.

Очекуваните врнежи количински не се екстремно големи, но знаејќи дека почвите се со релативно високи коефициенти на вода би требало сливните подрачја да се третираат со внимание.

Ситуацијата се следи и по добивање на соодветни информации дополнително ќе бидете информирани, додаваат од Секторот за хидрологија при УХМР.