Водостоите на Пчиња и Кумановка покачени, се апелира на претпазливост од излевања

Сподели со своите пријатели

За 36 сантиметри е покачен водостојот на реката Кумановка и тоа во период од 18 часот вчера, до 8 часот утринава, додека водостојот на Пчиња кај мерната станица во Пелинце е покачена за еден сантиметар во последните 24 часа.

Најновите врнежи кои паднаа изминативе 24 часа предизвикаа покачување на водостоите низ целата територија на Република Македонија, а поради врнежите кои на одредени места сеуште паѓаат ќе бидат со тенденција да продолжат со покачување. Ова покачување кај помалите водотеци е поизразено и побрзо, велат од Секторто за хидрологија при УХМР.

Моментално немаат информации за излевања на реките и водотеците, но во текот на денот се очекува тежиштето на водениот бран да се префрли на реките од пониските делови на сливните подрачја.

Според хидрометеоролошките модели претпазливост се порачува во делови од сливните подрачја на реките: Брегалница, Струмица, Црна, Пчиња, Крива, Кичевска, Крива Лакавица, Конска, Анска, Валандовска, Тркања и на делови од планините Кожуф, Беласица, Осоговските, Огражден, Малешевските и Шар Планина.

фото: архива