Водата во Проевце е бактериолошки неисправна

Сподели со своите пријатели

Водата од чешмите во селото Проевце бактериолошки е неисправна, покажа последната анализа направена од страна на ЈЗУ Интитут за јавно здравје на Република Македонија.

Сировата нехлорирана природна минерална вода за пиење од каптажата број еден биле донесени на анализа од страна на „Премиум минерали“ при што од страна на стручните лица било утврдено дека истата не одговара на законските и стручни прописи во однос на арсен, како и во однос на бактериолошката анализа заради зголемен вкупен број на бактерии на 37 степени целзиусови и наод на Citrobacter freundii и Enterobacter spp.

Испитаните примероци на вода биле направени согласно законските и стручните прописи во однос на испинтаните параметри за радиолошка анализа, пстициди и паразити, велат од Институтот за јавно здравје.