Во вечерните часови услови за дожд, нов бран за викендот што следува

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб локален снег, особено во крајниот северозападен дел од земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималните температури во текот на денот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви период и максимална дневна температура од 8 степени целзиусови. Во текот на ноќта истата ќе изнесува два степени.

Утре во раните утрински часови сеуште ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а за викендот се очекува нов влажен бран.

Leave a Reply