Во Украина рекорден број починати од Ковид

Сподели со своите пријатели

Украина регистрираше рекорден дневен број од 734 смртни случаи како последица на коронавирусот во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Loading...

Претходниот максимум од 614 смртни случаи беше забележан на 22 октомври.

Податоците на Министерството покажуваат дека во изминатите 24 часа се пријавени 19.120 нови инфекции, а Украина, која е меѓу европските земји со најмал број вакцинирани, досега има пријавено вкупно 2,8 милиони случаи на коронавирус и 64.936 смртни случаи.

Во земја со 41 милион жители, граѓаните можат да изберат вакцини против коронавирус од Pfizer, Moderna, AstraZeneca или Sinovak, но само околу 15 отсто од населението е целосно вакцинирано, најмалку од сите европски земји по Ерменија.