Во Турција откриен најстариот мозак во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најстариот мозаик во светот, за кој се верува дека датира од пред 3.500 години, е откриен во провинцијата Јозгат во централна Турција.

Loading...

Димензиите на мозаикот се три на седум метри, а се состои од 3.147 парчиња камен.

Регионалниот директор за култура и туризам Хусеин Џифтчи рече дека областа во која е пронајден мозаикот од 2012 година е под истрага на Генералниот директорат за културно наследство и музеи, Универзитетот Бозок и Универзитетот во Пиза во Италија.

Тој објасни дека научните студии утврдиле дека мозаикот откриен во Јозгат е прв од ваков вид во светската историја, за што сведочи и калапот, кој е прилично примитивен.

„Планираме да додадеме вредност на туристичкиот сектор со ова откритие“, рече Гифтчи, пренесува Грик репортер.

Шефот на истражувачкиот тим, Анаклето Д’Агостино, истакна дека мозаикот е најстариот од ваков вид и дека неговата историја може да се проследи до 1.500 година пред нашата ера.

„Знаеме дека има слични мозаици во Грција, но сметаме дека овој е постар“, рече тој.

 

Loading...