Во тубите немало гориво, водечка верзија за несреќата е човечка грешка

Сподели со своите пријатели

Истражните власти во Бугарија денеска на прес конференција ги отфрлија како шпекулации пишувањата на дел од медумите дека во автобусот кој во смрт однесе 45 лица се превезувало бензин или нафта.

Loading...

Како што рече бугарскиот обвинител Борислав Сарафов верзијата е истражена и отфрлена.

Бугарските истражни органи категорично ги отфрлаат шпекулациите дека во изгорениот автобус било превезувано бензин или нафта, нагласи на денешната прес конференција бугарскиот обвинител, Борислав Сарафов.

– Таа верзија е истражена, но категорично отфрлена од нас. На местото се пронајдени три туби, во кои има само остатоци од нафта. Не биле полни, ниту се запалиле. Соодветно – пожарот не е предизвикан од нив. Нема туби со небзин, ниту други запалливи материи“, рече Сарафов.

Завршените обдукции покажуваат дека загинатите починале како резултат на задушување, а не од експлозија или ударот.

Како што рече обвинителот Сарафов, во нивните бели дробови имало траги на чад, што значи дека биле живи во моментот на пожарот.

Никола Ивановски