Во тек е тампонирање на патишта во руралните средини во кумановско

Сподели со своите пријатели

Во тек е тампонирање на локални улици во руралните средини од општина Куманово, информираа денеска надлежните од општинскиот сектор за комунални дејности.

Loading...

Трампонирањето се спроведува во неколку села од кумановско, во Орашац и Лопате, а изминатиот месец заврши во Режановце, Градиште, Кучкарево и Кшање.

– Гребениот асфалт е добиен од јавното претпријатие за државни патишта од државата, за што општината претходно аплицираше. Во тек е поставување на гребен асфалт на улици со земјен пат во повеќе населени места во кумановско во руралните средини, меѓу кои и во село Орашац, изјави помошник-раководителот на секторот, Момчило Јовановски.

Во селата тампонирањето се врши согласно потребите на локалните жители, а должината на тампонираните улици се движи од 400 до 1,3 километри, како што беше случај со селото К’шање.

Претходно, во изминатите месеци беа тампонирани улиците во приградските средини во населбите „Карпош“ и „Иго Тричковиќ“.

Leave a Reply