Во тек е јавен повик за реконструкција на станбени згради во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

 Општина Куманово – локална самоуправа, објавува Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Куманово за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетска ефикасност во колективно домување во Општина Куманово

Loading...

Реконструкција на станбените згради се однесува на зградата како целина, преку поставување на термоизолациони фасади и обновување на кровните констриукции и покривачи на станбените згради.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради на територијата на Општина Куманово, сопствениците на становите кои имаат регистрирано заедница на сопственици или имаат управител на станбената зграда во склад со Законот за домување, станарите кои обезбедиле согласност за учество во проектот од минимум 51% од вкупниот број на станари што живеат во таа зграда, односно станбени згради во кои што 51% од станарите сопственици на посебните делови се согласни да учествуваат во проектот, како и сите заинтересирани заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради на територијата на Општина Куманово кои ги прифаќаат условите на заемот на  ХАБИТАТ Македонија со рок од 10 години за враќање на средствата со 1% каматна стапка, освен 20% кои се субвенционирани од Општина Куманово.

 При рангирање на колективните станбени згради кои ги исполнуваат претходно наведените услови ќе се користат следниве критериуми, т.е местоположба ( централно градско подрачје), висина на процентот на согласни станари за замена на прозори и балконски врати( или веќе заменети) и година на старост на објектот односно амортизираност на кровниот покривач и фасадата на станебениот објект.

Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради, поднесуваат пријава на пропишан образец, кој можат да го подигнат во Архивата на Општина Куманово.

 

 

  • Пријавите можат да се достават во рок од 20( дваесет) дена од денот на објавување на јавниот оглас.

 

Loading...
  • Комисијата има обврска во рок од 10(десет) дена, по завршување на пријавувањето на јавниот повик да ги објави резултатите на интернет страната на Општина Куманово.