Во ТЦ Табановце се донесени нови 16 кујнски маси, клупи и душеци за бебиња

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, во ТЦ Табановце, поточно во контејнерот на НВО СОС “Детско село” се донесени нови душеци за бебиња, додека кујната е опремена со 16 маси и клупи, а донесени се и по 12 кафези за тајфуните и за печурките кои се ставени во функција во неколкуте шатори во транзитниот центар.

Во дневниот извештај, РЦУК информира дека во просториите на  СОС Детско Село е останато семејство, откако мажот бил префрлен во Скопје на Одделението за токсикологија, инаку зависник кој бил предозиран со средства за смирување.

РЦУК јавува и за дете – бегалче кое претрпело струен удар, и кое со возило на Црвен крст е транспортирано во Прифатниот центар во Визбегово, без објавување на повеќе детали за тоа каде и кога се случил ударот и како детето се нашло на ТЦ Табановце.

ЈЗУ ЦЈЗ Куманово во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e  дезинфекција на 7 вагони – 1400 м.кв. и дезинфекција на 800 м.кв.простор со објекти.