Во судирот меѓу паравојската и сточарите во Судан загинаа 27 лица

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седум лица се убиени во јужносуданската држава Централна Екваторија во судири меѓу сточари и паравојски пред посетата на папата Франциско, изјави локален претставник за Ројтерс.

Loading...

Папата треба да пристигне во Јужен Судан од соседната Демократска Република Конго, со надеж дека ќе поттикне пробив во мировниот процес чија цел е да се стави крај на деценискиот главно етнички конфликт во кој загинаа стотици илјади луѓе.

Откако бунтовничките борци убиле шест лица од сточарската заедница, сточарите возвратиле во четвртокот со убивање на 21 цивил во блиската област, вклучувајќи пет деца и една бремена жена, рече Фануел Думо, окружен комесар на Кајо-Кеџи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Мировниот договор потпишан од главните завојувани страни во 2018 година за ставање крај на граѓанската војна што беснее од 2013 година значително го намали насилството во Јужен Судан во последните неколку години, но повремено избувнуваат мали судири меѓу ривалските заедници.

Надбискупот од Кентербери Џастин Велби, поглавар на Англиската црква, кој му се придружува на папата во посета на Јужен Судан, рече дека е згрозен од убиствата.

„Тоа е приказна која премногу често се слуша низ Јужен Судан. Повторно апелирам на поинаков начин: Јужен Судан да се обедини за праведен мир“, напиша Велби на Твитер.