Во Стразбур се чува најстарото вино во светот, уште од Средниот век

Сподели со своите пријатели

Во подрум на стара градба на болница во Стразбур се наоѓа најстарото вино во светот чувано во дрвени буриња, пренесува Франс бле.

Loading...

Во прашање е алзашко бело вино од 1472 година, наведе радиото додавајќи дека научници од Бургоња и Минхен го испитале виното и откриле дека тоа вино се дегустирало во многу ретки прикики, само три пати.

Прв пат тоа било направено во 1718 година на отворањето на зградата на болницата во Стразбур, втор пат во 1944 година кога се прославило ослободувањето на градот, а трет пат во 1976 година за време на прославата за договорот за соработка помеѓу Цирих и Стразбур.

Виното во 2014 година е префрлено вор езервоар од нерѓосувачки челик, а година дена подоцна е вратено во дрвеи буриња, каде ќе може да биде чувано следните 250 години.

Франс бле на својот сајт објави фотографии од огромното дрвено буре со средновековно вино и натписот од годината на производство, 1472 година.

Други детали за виното не се соопштени.

Leave a Reply