Во среда ќе отпочне изградбата на „Паркот на бранителите“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Парк на бранители“ во среда ќе започне да се гради на паркингот пред Градските базени и Спортската сала, а таму освен хортикултурно уредување, ќе бидат поставени и спомен обележја на сите оние кои ги положиле животите за слободата на Куманово и Република Македонија.

Во среда ќе отпочне изградба на паркот пред градскиот базен „Паркот на бранителите“ бидејќи таму ќе има место за поставување на спомен обележја за сите оние кои ги дале животите за Република Македонија во изминатиот период – вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Проектот ќе биде во соработка со неколкуте невладини организации, а токму таму ќе бидат поставени и спомен обележјата на осумте загинати припадници на безбедносните сили во терористичкиот чин кој се случи на 9 и 10 мај 2015 година во населбата „Тоде Мендол“, позната како Диво Насеље.