Во среда и четврток обилни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Влажен бран со обилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и четврток. Наместа ќе наврнат и до 60 литри на метар квадратен. Локално, особено на југ, ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи.

Максималните температури ќе  бидат до 15 степени.

УХРМ соопшти дека промената на времето е поради влијанието на циклонска активност над јужна Италија.

Во петок врнежите ќе бидат со умерен интензитет и во текот на денот ќе престануваат.

Извор: МИА

Loading...