Во Србија уште 4 жртви, 189 новозаразени

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа четири лица починаа во Србија како резултат на инфекција со коронавирусот, а инфекцијата била официјално потврдена кај уште 189 лица, објавија денеска здравствените власти.

Loading...

Според веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs, од вчера се тестирани 9.786 примероци.

Во болниците има 311 пациент, а седум на апарати за дишење.

За време на епидемијата на коронавирус во Србија, според официјалните податоци, од инфекцијата починале 7.088 лица, а стапката на смртност е 0,99.

Од почетокот на епидемијата во Србија, тестирани се 4.572.957 примероци, а вирусот е потврден во 719.006.

Leave a Reply