Во Србија 23 случаи на мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Во Србија од 17 јуни, кога е регистриран првиот случај на мајмунски сипаницо, откриени се вкупно 23 заболени лица.

Loading...

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, на територијата на Белград се потврдени 20 случаи на зараза, а по еден во Јужнобачки, Јужнобанатски и Сремски округ.

Заразените мажи се на возраст од 22 до 44 години.

Според информациите од територијално надлежните заводи за јавно здравје, кај сите 23 заболени е развиена типична клиничка слика на болеста со мали сипаници, треска и други симптоми и знаци на заразна болест.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган следниот месец во посета на Балканот

На три лица им била потребна изолација во болнички услови, а останатите се лекуваат дома.