Во СОУ ,,Перо Наков“ се одржа работилница за детски права и интеркултурна комуникација (галерија)

Сподели со своите пријатели
Хуманитарното здружение „Мајка“ заедно со други невладини организации од Македонија: СПМД од Кавадарци, ЦЕД од Теарце, МЦГО од Скопје, Ромски Ресурсен Центар –Скопје и Коалициј СЕГА од Прилеп преку имплементација на проектот „Промовирање на детски права и интеркултурна комуникација“, поддржан од Фондацијата за деца Песталоци од Троген – Швајцарија се приклучува кон  одбележувањето на  Недела на правата на детето која се празнува во целиот свет од 05 до 11 октомври.
[huge_it_gallery id=”216″]
Одбележувањето се прави преку спроведување на кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!”  со разни активности  во кои децата се главни носители и преку нив испраќаат пораки  до возрасните  дека и тие се дел од овој човечки  свет и треба да се почитуваат.