Во соработка со македонските и германските служби запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Сподели со своите пријатели

Во заедничка координирана акција на територијата на СР Германија на почетокот на септември 2021 година, по интензивна меѓународна соработка помеѓу нашиот Оддел за организиран и сериозен криминал и надлежните германски служби за борба против недозволена трговија со дрога, реализиран е случај на недозволена трговија со дрога, при што е запленета поголема количина на марихуана, со висок квалитет во вредност од преку 100.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

При тоа од страна на надлежните германски служби за борба против дрога за сега лишено од слобода е едно лице, а истрагата продолжува.