Во Словенија се повеќе случаи на птичји грип кај диви птици

Сподели со своите пријатели

Бројот на потврдени инфекции од птичји грип на диви птици се искачи на 23, главно во североисточниот дел на земјата, а властите предупредуваат дека се очекува бројките да продолжат да растат.

Loading...

Досега се потврдени 23 случаи на птичји грип кај диви птици и еден случај на високопатогена птичји грип кај домашна живина.

„Со оглед на моменталната ситуација и бројните епидемии на птичји грип во Европа, очекуваме болеста да продолжи да се шири, така што сѐ уште очекуваме нови инфекции“, соопштија од словенечката ветеринарна управа, објавија во вторник словенечките медиуми.

Повеќето случаи на птичји грип се потврдени во областа Марибор. главно кај мртвите лебеди и речните галеби.

Случаи на сомнение за птичји грип имало и на подрачјето на Птуј, Кидричево, Разкрижје, Шкофја Лока, Брежице, Љубљана и Камник, но тестовите покажале негативни резултати.

Првиот и засега единствен потврден случај на птичји грип кај домашната живина во Словенија е потврден на 27 декември на мала фарма кај Словенска Бистрица.